Низата нерешени натпревари во Бундес лигата, Баерн ги прекина со победа над Мајнц 04 во купот на Германија, со убедливи 0-4.
Чупо Мотинг во 17-тата минута го отвори резултатот по асистенција на Кансело, најновото засилување на Баерн кој вечерва го имаше своето деби и ја навести голеадата на Баерн на вечерашниот натпревар. Младиот Германски репрезентативец Мусиала, во 30-тата минута повторно ја затреше мрежата на Мајнц за предност од 0-2.
До крајот на полувремето Баерн веќе имаше убедлици 0-3 откако Лироу Сане во 44-тата минута по трет пат ја матираше одбраната на противникот.
Второто полувреме продолжи со доминација на Баварците, а конечните 0-4 на натпреварот ги постави Алфонзо Дејвис во 83-тата минута за пласман на Баерн во 1/4 на Купот.
Сигурна победа и пласман во 1/4 обезбеди и Лајпциг кој на домашен терен со 3-1 го совлада Хофенхајм.