Словенецот во друштво на Џордан и Леброн

Лука Дончиќ повторно испиша историја. Словенецот влезе во „избраното“ друштво во кое се само уште легендарниот Мајкл Џордан и Леброн Џејмс.

Лука на брилијантен начин се врати по паузата од повредата и го предводеше Далас до победа над Детроит од 111:105. Словенецот средбата ја заврши со 53 поени, 8 скокови и 5 асистенции. Ова за Лука беше петти натпревар во кој постигнат 50 и повеќе поени, и тоа во неговите први пет сезони во НБА лигата, нешто што во последните 50 години им успеало само уште на Мајкл Џордан и Леброн Џејмс.

Од останатите синоќешни натпревари во НБА лигата ги издвојуваме, дербито на Западната конференција во кое второ рангираниот тим на табелата, Минесота пред своите симпатизер загуби од Сакраменто кој е трет со 111:118 и тоа по продолжение.

Убедливата победа на Бруклин над ЛА Лејкерс со 121:104, меч во кој “езерџиите’ настапија без својата прва ѕвезда, Леброн Џејмс.

Шампионот, Голден Стејт предводен од Стеф Кари кој оствари дабл-дабл со 38 поени, 12 асистенции, а имаше и 8 скокови славеше на гостувањето кај Оклахома со 128-120.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати:
Портланд – Атланта 129:125
Феникс – Торонто 114:106
Филаделфија – Орландо 109:119
Сан Антонио – Вашингтон 106:127