Фудбалерите на Вест Хем се пласираа во осминафиналето на англискиот ФА Куп.

Во повторената средба од 1/16-финалето Вест Хем на гостувањето кај Дерби Каунти славеше победа со 2-0. Стрелци на головите беа Бовен (10-минута) и Ентони (50).

Популарните „чекани“ во осминафиналето за противник ќе го имаат Манчестер Јунајтед со кого ќе играат на „Олд Трафорд“.

Ова е еден од половината комплетирани парови за осминафиналната рунда, а познати по денешната ждрепка. Останатите три двојки се, Бристол Сити – Манчестер Сити и Стоук – Брајтон.

Останатите парови за осминафиналето ќе бидат комплетирани по одигрувањето на петте повторени средби, закажани за утре и на 7 февруари, но без разлика на исходите веќе се познати и можните двојки:
Лестер Сити – Блекбурн/Бирмингем (играат утре 31 јануари)
Саутемптон – Лутон/Гримзби (играат на 07 февруари)
Фулам/Сандерленд – Лидс Јунајтед.
Рексам/Шефилд Јунајтед – Тотенхем
Ипсвич/Барнли – Шефилд В./Флитвуд

Дуелите од осминафиналето на ФА Купот ќе се играат од 27 февруари до 2 март.