На фудбалските терени низ Европа

Викендов продолжуваат возбудувањата во најсилните лиги во Европа, а ќе се игра и 1/16-финалните дуели во ФА купот во Англија.

Најинтересно ќе биде во Италија, каде Елиф Елмас со неговиот Наполи ќе ја пречекаа Рома на Жозе Мурињо која е во одлична форма. Се очекува Елмас да добие минутажа од стартот на натпреварот.

Интересно ќе биде и во Минхен каде лидерот Баерн го пречекува четврто пласираниот Ајнтрахт Франкфурт.

Во Шпанија лидерот Барселона оди на гости кај Џирона, а Реал Мадрид ќе го пречека Реал Сосиедад

Марсеј и Монако ќе бидат во центарот на случувањата во француската Лига 1, а Куп натпреварите во Англија се причината зошто нема да се игра натпревари од Премиер лигата.