Вардар на гостувањето кај Татран ја започнува сезоната во СЕХА лигата. Македонскиот шампион Вардар денеска ја започнува новата сезона во СЕХА лигата со гостување во Словачка, кај Татран Прешов.

Црвено-црните ќе се обидат да ја продолжат низата од 13 победи против овој противник, кој за последен пат се има радува но во дуелот во црвено-црните во 2013 година.

„Нѐ очекува многу квалитетен противник. Вардар има навистина добри играчи на бековските позиции и крилните позиции. Да не заборавиме го имаат и Стоилов на линија. Но, и покрај сето тоа ќе дадеме се од себе да го добиеме мечот на домашен терен. Исто така, се надевам дека нашите навивачи ќе бидат тука да не поддржат. Ова е првиот натпревар од СЕХА лигата годинава и би било одлично да се отвори сезоната со победа“, истакнува Лукаш Урбан.

Тренерот на Вардар, Владо Неданоски со големи главоболки пред овој меч. На тимот во четвртокот му се приклучија македонските репрезентативци кои настапуваа на Мундијаот и веднаш отпатуваа за Прешов.

Згора на тоа Недановски не ќе може да смета на уште тројца ракометари.

„Гледавме дел од натпреварите на Татран на подготовките, за овој натпревар, и чувствувам дека нивниот стил на игра навистина не се промени многу со новиот тренер. Ние сè уште се подготвуваме за тоа што ни претстои во долгиот и преполн втор дел од сезоната. Стефан Атанасовски, Андреј Добрковиќ и Борко Ристовски ќе останат надвор од теренот за ова гостување. Сепак, веќе разговаравме за нашите цели за сезоната и тие остануваат исти“, истакнува Недановски.

Откако лани останаа без учество на „фајнал-форот“ сигурно дека првична цел на вардарци ќе биде токму завршниот турнир.

Дуелот меѓу Татран и ќе се игра попладнево во терминот од 16 часот. Тоа е натпревар од Б групата во која црвено-црните веќе во среда во Скопје го пречекуваат Партизан.

‘Хајлајтс’ од последниот меѓусебен дуел одигран на 1 октомври 2019 година во кој Вардар излезе како победник со 29-22.