Олимпиецот Дејан Георгиевски не успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на таеквондо турнирот на Медитеранските игри.
Георгиевски кој настапуваше во категоријата +80 килограми е сопрен во четвртфиналето од турскиот натпреварувач
Хусеин Берат Демирџиноглу.
По тешката и исцрпувачка прва борба во три рунди со Моатаз Ифауи од Тунис, Дејан повторно мораше да одработи три рунди. Но, овојпат не успеа да го мина турскиот претставник кој ја доби борбата со 1:2.
Од нашите фаворити, за медал, покрај Георгиевски, настапите завршија и за неговата колешка од таеквондо репрезентацијата Милијана Рељиќ, како и борачот Могамедгаџи Нуров.
Затоа пак борачите Фати Вејсели и Реџеп Хајдари обезбедија пласман во полуфиналето.



































