Репрезентацијата на Србија со победата над Холандија од 32:30 го освои третото место во групата 3 што се играше во Катовице. Во неизвесен натпревар, во кој нерешениот резултат беше најчесто на семафорот, во завршницата Србија поведе со 31:29 што се покажа како решавачко пред се благодарение на одличната игра на Милосављевиќ, кој постиган 9 голови, но и на одбраните на Милосављев вкупно 11. Холандија со поразот остана на чевртото место на табелата, зад Германија, Норвешка и Србија, а пред Аргентина и Катар.

На вториот дуел што се играше во Малме Хрватска со 43:32 го победи бахреин што беше недоволно за да избие на втората позиција. Сега за пласман во четвртфиналето очекува победа на Египет над светскиот првак Данска од 12 разлика.