Нов натпревар и нов предизвик за македонската ракометна репрезентација на Светското првенство во Полска и Шведска. Во Плоцк избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе играат против Тунис. Двете репрезентации првите победи на шампионатот ги постигнаа пред два дена кога ги победија Македонија – Алжир, а Тунис – Марооко.

Селекцијата на Тунис е еден од должниците на македонската селекција. На Олимписките квалификации за Игрите 2016 во Гетеборг Тунис ја победи Македонија со 32:26.

На ова Светско првенство Тунис одигра и еден натпревар без победник против Бахреин, но освоениот бод не беше доволен за пласман во следната фаза бидејќи оваа репрезентација од африканскиот континет загуби од Белгија и Данска во првата фаза.

Почетокот на натпреварот е во 18 часот, додека во терминот од 15:30 часот во Президент купот играат Алжир и Мароко.