По повеќе од два месеци пауза, продолжуваат возбудувањата во во германската Бундес Лига.

Воведниот меч беше и дербито меѓу Баерн Минхен и Лајпциг, тимови кои одиграа израмнет натпревар што заври без победник 1-1.

Баерн го отвори резултатот преку Чупо Мотинг кој ја продолжи импресивната форма во која беше пред светското првенство. Имено Камерунскиот напаѓач на последните 7 натпревари има исто толку погодоци.

Иако Баерн имаше предност и повеќе од играта, третопласираниот тим на табелата Лајпциг покажа квалитет и преку Халстенберг во 52-та минута дојде до изедначување 1-1, резултат што на крај се покажа како конечен.

Баерн кој е првопласиран на табелата сега има 35 бода, додека Лајпциг е на третата позиција со 29 бодови.