Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по голема борба избори победа во мечот од 2.коло на фјучрсот во Талин, Естонија. Таа ја победи Литванката Лустина Микулскуте со 2-1 во сетови за 2 часа и 39 минути игра.

Првиот сет и припадна на Ѓорческа со 6:3, а во следниот противничката возврати добивајќи го сетот со 7:5. Во решавачкиот сет Ѓорческа направи брејк за 3:2 во гемови, а потоа Микулскуте го врати брејкот за 3:3.  Сепак Ѓорческа пак направи брејк за 5:4 и потоа на свој сервис го доби решавачкиот гем за 6:4.

Утре во четвртфиналето Ѓорческа, која е седма носителка ќе игра со квалификантката Зејнеп Сонмез од Турција. Двете тенисерки одиграа меч на првиот фјучрс во Талин пред неколку дена и победи Ѓорческа со 2-0 во сетови.