Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром попладнево ќе го игра натпреварот од 15.коло во АБА лигата.

МЗТ е на дното на табелата со само две победи, па јасно е дека аеродромци се пред „невозможна мисија“. Тие гостуваат во Белград кај Партизан тимот кој досега има само два пораз.

Свесен за тоа е и новиот тренер на сино-белите, Александар Николиќ, кој смета дека изненадувањето на овој меч е речиси невозможно.

„Играме против уште еден евролигаш, кој сезонава е непобедлив на домашен терен во АБА и кој исто како и нашиот претходен ривал има сериозни амбиции да влезе во плејофот на Евролигата и да ја освои титулата во регионот. Згора на тоа, формата на Партизан е во нагорна линија, што најдобро можеше да се види на неколкуте последни средби на домашен терен против Цибона, Задар и Монако, кои црно-белите ги добија убедливо. Според ова, јасно е дека нѐ чека уште еден исклучително тежок дуел против еден од најдобрите европски тимови предводен од најтрофејниот тренер во историјата. Изминатата недела ја искористивме добро да истренираме, а се засиливме со Кеандре Кук и со Абдул-Малик Абу, кои верувам добро ќе се вклопат и ќе дадат свој придонес кон остварување на заедничката цел, а тоа е опстанок во АБА“, изјави Николиќ.

Натпреварот Партизан – МЗТ Скопје Аеродром ќе започне од 18 часот, а ќе може да го гледате во ЖИВО ОВДЕ