Талентираниот македонски кошаркар и член на Вашингтон Стејт Универзитетот, Андреј Јакимовски, го одигра најдобриот натпревар оваа сезона.

Натпреварот го заврши со 17 поени и беше водечки стрелец на неговиот тим. Андреј имаше одлична шутерска вечер со 5 погодени тројки од 6 обиди, и 1/2 за два поени. На тоа придодаде и по две асистенции и скока

Вашингтон Стејт Универзитет славеше победа над Стенфорд со 60-59.

Јакимовски имаше незгодна повреда која долго време го одалечи од терените, но изгледа конечно фати ритам.