Љубителите на фудбалот, вечерва во 20:00 часот ќе може да уживаат во уште една пресметка на гигантите од Шпанија.

Ова ќе биде 16-то „Ел Класико“ во рамките на шпанскиот Супер Куп натпреварување во кое за трофејот ќе се борат Реал Мадрид и Барселона.

Реал во кој „Кралскиот куп“ е поуспешен со 9 победи, додека на 4 натпревари се радуваше Барселона а две средби завршија нерешено

Во пресрет на финалето предводниците на двата тима имаа свои видувања и очекувања од овој натпревар, а Карло Анчелоти нагласи дека не постои неважен трофеј за Реал Мадрид, потенцирајќи дека неговите играчи се секогаш гладни за освојување трофеи.

„Стомак полн со трофеи“. Тоа не е точно, зборуваме за играчи кои победија минатата година, и кои почнаа да победуваат во 2013 година и се уште победуваат. „Стомакот“ никогаш не се полни, тимот има одличен менталитет и исто така, барањата во овој клуб се многу големи, никогаш не може да се размислува на тој начин. Не знам дали интензитетот е најдобриот начин да се победи Барселона, ќе треба да одиграме многу комплетен натпревар од сите аспекти. Ќе треба добро да управуваме со топката, да притискаме… Многу работи. Клучот е да се направи комплетен настап“, изјави искусниот Анчелоти.

Предводникот на Барселона, Чави, прашан за серијата која Анчелоти ја има во финалињата, ако се знае дека италијанскиот стратег ги победил сите финалиња од 2010 година во кој неговата екипа играла, потенцираше дека тоа ќе биде само мотивација плус, таквата статистика да се промени, а тој и неговиот тим да се радуваат на трофејот во Супер Купот

„Статистиката мора да се промени. Мотивиран сум и среќен што стигнавме до финалето. Ќе играме против Реал Мадрид, ова е дополнителна мотивација, а уште повеќе ме мотивира фактот што Анчелоти нема пораз во финалињата од 2010 година“, изјави тренерот на Барселона

Финалето меѓу Реал и Барса се игра во Ријад, Саудиска Арабија