Во првиот денешен натпревар, а во рамките д 18.коло на Серија А, екипата на Лацио очекувано славеше победа на гостувањето кај Сасуоло со 2-0.

До десеттата победа сезонава тимот од Рим стигна со головите постигнати во судиското дополнение.

Првиот го постигна Матија Закањи во третата минута од дополнетото на првиот дел (45+3), а втори беше дело на Бразилецот, Фелипе Андерсон во четвртата минута од продолжението на второто полувреме (90+4).

Лацио е на 4.место на табелата со 34 бодови, три помалку од Јувентус и Интер, односно четири помалку од Милан.

Инаку убедливо прв до предност од девет бода е Наполи кој во ова коло славеше убедлива победа со 5-1 над Јувентус во дербито одиграно пред два дена.