Од седумте синоќешни натпревари одиграни во НБА лигата ги издвојуваме дуелите во Сан Франциско и Лос Анџелес.

Актуелниот шампион Голден Стејт е поразен пред своите навивачи од Феникс со 125-113.

Иако во тимот се врати Стеф Кари и постигна 26 поени, додека Томсон и Пол реализираа 29 односно 27, тоа не беше доволно „Воините“ да го избегнат 21 пораз сезонава во која имаа една победа помалку. „Сонцата“ пак се на половичен учинок со по 21 победа и пораз.

Во Лос Анџелес гостуваше Далас во чии редови повторно најдобар беше Лука Дончиќ. Словенецот оствари дабл-дабл со 42 поени и 11 скокови на кој придодаде и 7 асистенции, но тоа не им помогна на гостите.

„Клиперси“ во чии редови Каваи Ленард на 33-те поени придодаде и 9 скокови, помогнат од Норман Пауел со неговите 27 поени, забележаа победа со 113-101.


На останатите средби беа постигнати овие резултати:

Филаделфија – Детроит 147:116
Мајами – Оклахома Сити 112:111
Торонто – Шарлот Хорнетс 132:120
Јута – Кливленд 116:114
Портланд – Орландо 106:109