Ден пред заминувањето за Краков, каде машката сениорска репрезентација на Македонија ќе ги започне својот осми настап на Светските првенства, Ракометната федерација (РФМ), ги одреди премиите.

Од 30 до 60 илјади евра ќе поделат членовите на репрезентацијата, во зависното со тоа колку победи ќе остварат.


Најмалата сума за првата фаза по групи изнесува 30.000 евра за кои црвено-ќолтите треба да имаат минимум една победа.

Дополнителни 15.000 евра ќе изнесува уште една победа (вкупно две), а доколку забележат максимални три победи, макеоднските репрезентативци ќе поделат вкупно 60.000 евра.

Селекторот Кирил Лазаров денеска треба да го одреди списокот на патници за Полска, а утре наутро со чартер лет, експедицијата заминува за Краков каде во петок со дуелот против Норвешка ќе го започне својот настап на Мундијалот, на кој во првата рунда за противници ќе ги има и Холандија (недела) и Аргентина (вторник).