Три од четирите синоќешни натпревари одиграни во НБА лигата завршија со победа на гостинските екипи.

Во дербито во Далас, најдобриот тим во лигата Бостон предводен од Џејсон Тејтум кој оствари „трипл-дабл“ со 29 поени, 14 скока и 10 асистенции, славеше против „Маверикси“ убедливо со 124-95.

Финецот, Лари Марканен постигна рекордни во кариерата 49 поени во победата на Јута кај Хјустон со 131-114, додека Џа Морант со 32 поени го предводеше Мемфис до триумф над Орландо со 123-115 .

Честа на домашните екипи ја спаси Денвер кој пред своите симпатизери го победи победи ЛА Клиперс со 122-91