Големо изненадување се случи во Истанбул, каде белградски Партизан го совлада Фенербахче со 73-72. Гостите од Белград беа по сконцентрирани и на крајот заслужено се радуваа на својата шеста победа сезонава, нанесувајќи му го на Фенер петтиот пораз.

Речиси по исто сценарио се одвиваше и натпреварот во Атина, кој заврши со среќен крај за Црвена Звезда која го победи Олимпијакос со 90-86. За белградската екипа ова е седма победа на последните осум одиграни натпревари под водство на новиот тренер Душко Ивановиќ.

Победа на гости запиша и Макаби и тоа во Берлин совладувајќи ја Алба со 83-70.

На останатите два натпревари одиграни во Шпанија, победи забележаа домаќините. Реал Мадрид беше убедливо подобар од Лион Вилербан со 92-70, додека Басконија го совлада тимот на Виртус Болоња со 90-79.

Останатите четири натпревари од оваа рунда се играат денеска.