Во кошаркарската Евролига, комплетирано е 14-тото коло.

Големо изненадување приреди екипата на Партизан, кој ја прекина низата од пет порази. Црно-белите пред својата публика во Белград славеше победа во дуелот со актуелниот првак Анадолу Ефес со 82:79, нанесувајќи му го на турскиот клуб седмиот пораз сезонава, втор за само три дена.

Пораз претрпе и вториот турскиот претставник Фенербахче. Лидерот на табела загуби пред својата публика во Истанбул од Басконија со 70:76.

Тоа го искористи Барселона која со победата над Панатинаикос 74:68 со што шпанскиот тим сега се израмни со Фенер на врвот на табелата со скор со по 10 победи и 4 порази, колку што има и францускиот претставник Монако кој со тројката на Окобо во последната секунда ја победи берлинска Алба со 92:89.

Во последниот меч од ова рунда одигран во Болоња, Виртус го победи Макаби Тел Авив со 78:73