Машката сениорска репрезентација на Македонија на 20 декември ќе ги започне подготовките за  Светското првенство во Полска и Шведска. Како дел од подготовките, избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе одиграат два контролни натпревари против Црна Гора на 27 и 28 декември.

Иако Црногорците ќе бидат некомплетни, поради отсуство на повеќемина ракометари кои имаат обврски со своите екипи, сепак двата меча ќе бидат добредојдени пред се за Лазаров, да ја провери моменталната подготвеност на своите избраници и да има појасна слика на кои ракометари по сериозно ќе може да смета на Мундијалот.

Покрај овие два меча со Црногорците, како и ревијалниот натпревар против ветераните, во Скопје на 3 јануари, црвено-жолтите во Пореч, ќе имаат уште двете контроли со Хрватска и Израел, по што заминуваат за Краков, каде ќе ги играат натпреварите она Светското првенство.