Екипата ма Спартак уште еднаш потврди дека имаат големи амбиции. Иако сезонава нема да ја завршат меѓу трите најдобри сепак, за следната оваа екипа најавија дека ќе биде голем конкурент за највисок пласман.
Тоа ракометарките на Спартак го потврдија и денеска во дуелот со од 25.кјоло на Супер лигата против Чаир. Со одлична игра во вториот дел „Спартанките“ славеа триумф со 26:21 над вице-првакот.
Од самиот почеток Чаир тргна силно и успеа да поведе со 5:1. Спартак постепено се враќаше во игра, иако чаирчанки не дозволуваа тоа да биде лесно. Во 18-тата минута домашниот тим намали на 10:7, а потоа со серија од 2-0 стигна и до 10:9. Чаир ја одржуваше минималната предност и не дозволи израмнување, па на полувреме замина со водство од 12:11.
Во второто полувреме Спартак започна подобро и веднаш израмни на 12:12, а во 37-тата минута направи пресврт за водство од 16:13. Домашната екипа ја одржуваше предноста, иако Чаир во неколку наврати се обидуваше да се врати резултатски. Во 47-мата минута Спартак поведе со 21:18, но Чаир повторно се доближи на 21:20. Сепак, Спартак возврати со серија од 2-0 и во 56-тата минута стигна до 23:20, предност што ја задржа до самиот крај за победа со 26:21.
Најефикасна од Спартак беше Николовска со девет гола, додека од Чаир Дамчевска со шест погодоци.
Претходно денеска тимот на Ѓорче Петров славеше убедлива победа над Астибо и на три кола пред крајот на сезоната, ја осигура петата последователна шампионска титула. Чаирчанки пак ќе завршат на втората позиција на табелата и ќе го понесат приматот вице-првак.
Зад водечкиот двоец на табелата се: Вардар, Куманово, Спартак, Астибо и Пелистер.


































