Најдобро машка ракометна репрезентација на Македонија победнички се враќа од Прешов. Таму македонските ракометари го одигра првиот бараж дуел против Словачка, преку кој се брка настап на Светското првенство следната година во Германија.

Избраниците на Кирил Лазаров очекувано беа подобри од Словаците со 24-31 .

Триумфот беше најавен уште во првото полувреме во кое домаќинот беше рамноправен противник до средината. По нерешените 9-9, жолто-црвените со неколку серии успеаја да се одлепат и на полувреме да заминат со 5 гола предност (13-18).

Тоа беше повеќе од доволно македонските ракометари мирно да го одиграа второто полувреме и да го заклучат натпреварот со убедлив триумф.

Филип Кузмановски со 10, и Милан Лазаревски со 7 гола беа нашите најефикасни ракометари.

На реваншот во Скопје во недела, македонските ракометари само треба да го потврдат и прослават пласманот на Мундијалот со својата публика.

Следете нé на социјалните мрежи