Битола денеска „дише“ во ритамот на кошарката за големиот реванш помеѓу Пелистер и МЗТ Скопје. По првиот пораз во Аеродром, кошаркарите на Пелистер мораат да победат, за да го продолжат својот сон за финале.
Според најавите, салата „Боро Чурлевски“ ќе биде претесна да ги прими сите навивачи кои најавуваат пеколна атмосфера од трибините. Пелистер се надева дека може да ја повтори играта од пред 15-тина дена кога во ТОП-6 фазата славеше над МЗТ во Скопје. Само така може да останат во игра за финалето.
Од друга страна, МЗТ Скопје доаѓа со цел уште вечерва да ја заврши серијата и да обезбеди место во борбата за титулата.
Како и на првиот меч така и денеска се очекува голема борба под обрачите, за секоја топка.
Натпреварот започнува во 18 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇




































