Екипата на МЗТ Скопје Аеродром со победа ја стартуваше полуфиналната серија во плејофот против битолски Пелистер. На првиот натпревар одиграно попладнево во сц јане сандански, аеродромци славеа со 80-75.
Актуелна шампион одлично го отвори и натпреварот. Во првото четвртина во повеќе наврати имаше двоцифрена предност најголемата 12 поени, а на првата пауза замина со +10 (28-18). Сепак гостите од битола тоа не ги поколеба па успеаа да стигнат и до еден поен негатива 36-35. На полувреме мзт замина со водство од 39-35.
Второто полувреме екипата на Пелистер го започна одлично. Брзо избраниците на Даскаловски ја анулираа негативата, а потоа и поведоа со седум поени (43-50). И наместо да продолжат во ист ритам, зелено-белите паднаа во играта. Тоа искусниот тим на МЗТ знаеше да го казни и да го сврти резултатот во своја полза. Во завршните 10 минути сино-белите влегоа со два поени предности (57-55). Со две врзани тројки аеродромци го отворија последниот квартал за водство 63-55, а потоа и со двоцифрена разлика 66-56. На шест минути до крајо, при водство 69-62, почнаа проблемите за актуелниот шампион МЗТ. Прво капитенот стојановски ја заработи петтата лична грешка, а потоа следуваа две технички на клупата на МЗТ. Гостите од битола не го искористија тоа максимално но ја преполовија негативата (69-64).
најефикасен во победничката екипа беше Маслинко со 15 поени. Смит-Мекејде заврши со 13, додека Танасковиќ на 12-те поени додаде 8 скокови. Бадијала останаа 23-те поени на Декјвис и 21 на Малешевиќ која Пелистер загуби.
Со тоа МЗТ поведе со 1:0 во победи во серијата што се игра на два добиени натпревари. Следниот на програмата е во Битола, претстојниот викенд (9 или 10 мај).



































