Машката македонската ракометна репрезентација на Македонија, денеска се собра во Скопје, каде ќе одработи мини подготовки за баражите со Словачка.

Селекторот Кирил Лазаров на направи првата прозивка на 20-мина ракометари кои се најдоа на неговиот список.

„Верувам во тимот кој што го одбравме, многу верувам.
Знаеме што сакаме, млади сме, можеби фали некое мало искуство за ваков тип натпревари, но, треба да го надокнадиме со борбеност, со ентузијазам, со голема борба за националниот кој е светост “, изјави селекторот Лазаров.

Македонија ќе брка нов настап на Мундијалот осми во низа, а вкупно десетти.

Првиот натпревар црвено-жолтите ќе го играат на 14 мај во Прешов (19 часот), а реваншот е на 17 мај (19 ч.) во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

РФМ веќе ги пушти во продажба картите за реваншот во Скопје, а се продаваат по цена од 400 и 500 денари онлајн на МК-ТИКЕТС.

Следете нé на социјалните мрежи