Денес во спортската сала „Парк“ во Струмица ќе се одиграат полуфиналните натпревари од Купот на Македонија.

Бранителот на трофејот, Ѓорче Петров, минатата година стигна до својата 18-та куп титула во клупската историја, откако во финалето во Радовиш убедливо го совлада тимот на Чаир со 36-19.

Првото полуфинале е закажано за 17:00 часот, каде ќе се соочат Пелистер 2012 и актуелниот шампион Ѓорче Петров. Со оглед на формата и лидерската позиција во Супер лигата, тимот на Ѓорче Петров ја има фаворитската улога.
Второто полуфинале, кое започнува во 20:00 часот, ќе донесе дуел помеѓу Чаир и Спартак. Се очекува неизвесен натпревар исполнет со борба и возбуда до самиот крај.

Билетите за полуфиналните натпревари се по цена од 400 денари и овозможуваат следење на сите полуфинални дуели, и во машка и во женска конкуренција.

Големото финале ќе се одигра наредниот ден со почеток од 17:00 часот.

Потсетување дека пласманот во машкото финале изборија бранителот на трофејот Вардар и ракометарите на Охрид.

Ивона Кимовска