Ракометарите Охрид испиша нова историја во клупската историја. Во Струмица со убедлива победа над актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, обезбедија финале во Купот на Македонија. Охридските „гладијатори“ доминантно славеа со 26:19 и за прв пат обезбедија пласман во финалето.
Избраниците на Борис Ројевиќ одиграа перфектен натпревар во кој целосно го надиграа фаворитот од Битола уште во првиот дел. Цврстата одбрана и сигурниот напад донесоа предност од 13:7 на полувремето која се покажа како недостижна за битолчани Вториот дел беше само чиста формалност, па охриѓани заслужено се радуваа на победата.
Најефикасни во победничкиот табор беа Томислав Јагуриновски и Дарко Ѓукиќ кои постигнаа по пет гола. Голманот Кристијан Пилиповиќ блесна на голот со осум клучни интервенции во најважните моменти од мечот.
.Ова е втора последователна победа за ГРК Охрид над големиот ривал по неодамнешниот триумф во домашната Суперлига.
Противник на ГРК Охрид во големото финале ќе биде победникот од дуелот меѓу бранителот на трофејот Вардар и екипата на Алкалоид. Тој дуел ќе почне во 20 часот, термин во кој во недела ќе се игра големото финале.


































