Второто коло од „ТОП-6“ сегментот во мапката кошаркарска Супер лига го носи дуелот на двете првопласирани екипи.
Дербито меѓу ТФТ и МЗТ Скопје, директно ќе одлучи кој тим ќе ја има „пол-позицијата“за плеј-офот.
Актуелниот шампион има две победи во меѓусебните дуели и со нов триумф ќе обезбеди подобар скор против главниот конкурент. Тоа ќе донесе и предност во плеј-офот, доколку овие два тима играат меѓусебно. Затоа, ТФТ мора да ја искористи предноста на домашен терен за да го одбрани врвот и минималната бодовна предност на табелата.
Во Гевгелија, Кожув се наоѓа под голем притисок. На гевгеличани неопходна им е победа против Пелистер, за да го зачува местото во доигрувањето. Битолчани ја прекинаа серијата порази и сега влегуваат како фаворити во Гевгелија за зацврстување на третата позиција на првенствената листа.
Тиквеш игра во одлична форма и со победа над Маџари може дополнително да ги зголеми шансите за повисок пласман.
Гостите од Маџари имаат идентичен број бодови како Кожув и секој освоен поен за нив е клучен во борбата за плеј-офот.
Сите натпревари може да ГИ ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈ-ОФ 2 КОЛО
сабота
13.00 ТФТ – МЗТ СКОПЈЕ А.
17.00 КОЖУВ – ПЕЛИСТЕР
18.00 ТИКВЕШ – МАЏАРИ

























