Екипата на Охрид забележа очекуванапобеда на гостувањето во Скопје во рамките на 7.коло на Супер лигата. Охриѓани убедливо го совладаа тимот на Мулти Есенс со конечни 42:26.
Освен почетните шест минути, кога домаќинот водеше со 1:0 и 2:1, како и израмнетите 3:3, сè друго мина во знакот на гостите. Гостите во продолжението доминираа на теренот и не му дозволија на противникот да се надева на изненадување. Од минута во минута ја сголемуваа предностра за на крајот да слават со +16.
Најефикасен играч во победничкиот табор беше Доминик Мате со осум постигнати погодоци. Одлична поддршка во нападот имаше од Николаос Лиапис кој шест пати ја затресе противничката мрежа. Кај поразениот тим најмногу се истакнаа Ѓоќески, Гурмешевиќ и Ѓоргиевски со по четири гола. Голманот Дино Славиќ исто така блескаше и забележа дванаесет успешни интервенции за охридскиот состав.
За Охрид ова беше петтата првенствена победа со која го одржува чекорот со конкурентите за највисок пласман, во трката за шампионската титула.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|






























