Откако изминатиот викенд беа одиграни средбите од последната рунда во лигашкиот дел, веќе започна разигрувањето за шампионската титула во одбојкарскиот шампионат на Македонија во двете конкуренции.
Титулите ги бранат екипите на Работнички Скопје кај дамите и Струмица Никоб кај мажите, тимови кои веќе ги одбранија трофеите во Купот на Македонија.
Двата тима важи за фаворит во дуелите со своите противници. Кај дамите Работнички Скопје се среќава со Фит фан волеј, додека кај мажите Струмица Никоб игра против Работнички. Двата натпревари се играат денеска во терминот од 17.30 часот.
Во другите два полуфинални дуели, Јанта волеј ја искористи предноста на предноста на домашниот терен и го доби првиот меч против Наковски волеј со 3:0, додека Шкендија и велешки Борец одигра четири сета, по кои тетовци ја забележаа првата победа и тоа со 3:1.
ПОЛУФИНАЛЕ (во два добиени натпревари)
ЖЕНИ
ПОЛУФИНАЛЕ (во два добиени натпревари)
ЈАНТА ВОЛЕЈ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ 3:0 (25-22, 25-23 и 25-16)
РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ (денеска 17.30 часот)
МАЖИ
ШКЕДНИЈА – ГОК БОРЕЦ 3:1 (25-19, 25-22, 20-25 и 25-21)
СТРУМИЦА НИКОБ – РАБОТНИЧКИ (денеска 17.30 часот)