Ривалството меѓу Реал и Барселона сигурно е едно од најголемите во светот. Тоа се потврди и на синоќешниот реванш полуфинален натпревар во Купот на Шпанија одигран на „Камп Ноу“. 

„Кралскиот“ тим одигра фантастичен меч, на негативата од 0-1 по првата средба во Мадрид, не само што ја надополни, туку и убедливо ја претвори во победа со 4-0.

За пласманот на Реал сигурно најзаслужен е Французинот Бензема кој постигна три гола, а асистираше на првиот, но дефинитивно голема заслуга има и тренерот Карло Анчелоти кој постави „победничка“ тактика. 

По натпреварот, краткиот говор на Италијанецот, во соблекувалната на Реал, донесе голема еуфорија која е тешко да се опише со зборови. Затоа погледнете сами.