Александар Трајковски ќе биде со златни букви запишан во историјата на македонскиот фудбал. Човекот кој ја доведе Македонија на само еден чекор од пласман на Светското првенство, се повлекува.
Новиот селектор Гоце Седлоски реши да го изостави Трајкоски од дуелот со Данска, во кој Македонија претрпе дебакл. Очигледните несогласувања на Седлоски, со главните напаѓачи (Трајковски и Миовски) отвори многу дилеми и прашања.
На едно од нив Трајковски даде одговор во своето обраќање кон македонските навивачи.
Трајковски меѓу другото пишува дека одлуката за повлекување е тешка и болна, но истовремено е горд на сето она што го дал за Македонија. А, во дресот на репрезентацијата тој одигра 98 натпревари, само два помалку од селекторот Седлоски.
Во продолжение објавата на Александар Трајковски.






































