Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром , неславно, го заврши својот настап сезонава во регионалната кошаркарска АБА2 лига. Во четири порази и исто толку победи, МЗТ заврши 10-ти во конкуренција на 16 екипи и не обезбеди пласман во плеј-офот.
На аеродромци во последниот натпревар, им беше потребна победа со повеќе од 15 разлика, за плеј-оф, туку и загубија. Но, не само што не победија туку и загубија на гостувањето кај Широки Бријег со 111-109 по две продолженија.
Очајната втора четвртина која противникот ја доби со 15 поени разлика (31-16), го чинеше МЗТ пораз. Иако во еден момент во третиот квартал Широки водеше со +18, сино-белите тоа го надополнија. Имаа напад за триумф аеродромци, но потребната победа (15 поени) мораа д ја бараат во дополнителните пет минути. Резултатот по 40.минути игра гласеше 92-92. Но, наместо тие да го наметнат темпото, се случи спротивното, па противникот по две продолженија, славеше со конечни 111-109.
Со овој пораз, македонскиот шампион, чија примарна цел за сезоната 2025/26 беше пласман во АБА2 лигата, не само што не ја оствари, туку и потфрли. Сино-белите, не се пласираа ниту во разигрувањето, во кое Македонија сепак ќе има претставник.
Пласман во „ТОП-8“ обезбеди вице-првакот ТФТ заврши како седми и ќе игра против второ пласираната екипа на Златибор. Четвртфиналето ќе се игра во два добиени натпревари, а првите дуели според распоредот се на 17 и 18 март.





































