Од шесте одиграни натпревари ноќеска во НБА лигата, најнеизвесен беше оној во Њујорк каде гостуваше шампионот Оклахома Сити.
Натпреварот во „Медисон Сквер Гарден“ во кој Никси ги пречекаа Тандерси им припадна на гостите со 103-106. Домаќините имаа и две можност да се изборат за продолжение, но обидите на Бренсон и Ануноби во последниот напад да постигнат тројка не беа прецизни.
Чет Холмгрен одигра одличен натпревар во кој постигна шест тројки, што е негов најдобар резултат во кариерата. Тој беше најефикасен во победничката екипа со 28 поени и осум скока, а Шај Гилкџиус-Александер заврши со 26 поени.
КАј Никси прво име беше Карл-Ентони Таунс кој оствару дабл-дабл со 17 поени и 17 скока.
Резултати:
Њујорк – Оклахома 100:103
Бостон – Шарлот 89:118
Филаделфија – Јута 106:102
Мемфис – Портланд 114:122
Милвоки – Атланта 113:131
ЛА Клиперс – Индијана 130:107


































