Само четири натпревари ноќеска се одиграа во НБА лигата, а сите завршија со победа на гостинските екипи.
Тимот на Денвер Нагетс ја прекина мини серијата од два порази и славеше на гости кај Јута. Во најнеизвесниот натпревар одигран во Сол Лејк Сити, гостите славеа со 125-128.
На 90.секунди пред крајот, Кејонте Џорџ му донесе водство на Јута со 125:122, но потоа следуваше пресврт во режија на Џамал Мареј и Никола Јокиќ .
Никола Јокиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл со 22 коша и 12 скока, вклучувајќи ги двете слободни фрлања на шест секунди до крајот. Мареј беше феноменален на овој натпревар, постигна 45 поени и осум асистенции.
Лос Анџелес Клиперс со голем пресврт во второто славеше на гостувањето кај Голден Стејт Вориорс со 111-114. Домашниот тим во полувремето имаше и 18 поени предност, а падот започна во вториот дел од третата четвртина. Во последната Клиперси доминираа и постигнаа 37 и примија 22 поени.
Кавај Ленард имаше 23 поени, осум скока и четири асистенции за 29 минути поминати на паркетот.
На другите два натпревари, Вашингтон Визардс загуби од Хјустон Рокетс со 118-123, додека Милвоки Бакс беше поразен од Бостон Селтикс со 81-108.



































