Италијанецот Марко Безеки најдобро се снајде на дождот и на мократа патека на трката во Мото ГП во Аргентина. Тој триумфираше во класата Мото ГП што е воедно негова прват победа во кариерата и прва победа за Дукати во Аргентина.

Безеки имаше најдобро време и на утринското загревање, со што покажа дека е подготвен за прва победа. Воедно дождот за време на трека беше уште поголема пречка за мотоциклистите. Како втор целта ја мина Јохан Зарко, подиумот го комплетираше Алекс Маркез, кој ја имаше и пол позицијата.

Со 41 бод од две трки Безеки е лидер и во генералниот пласман, додека победникот од првата трка во Португалија Франческо Бањана го освои 16.то место Тој како и могу други натпреварувачи имаа проблеми со дождот и лизгавата патека.

Следната трка ќе се вози за ГН на САД во Остин на 16.април.