Тимот на Жозе Мурињо се врати на победничките патеки, по двата порази во низа, Рома успеа да запише триумф и тоа против тимот кој грчевито се бори за опстанок, Сампдорија.

Иако гостите од Џенова одлично се бранеа и му парираа на далеку посилниот тим, сепак глупоста на Џејсон Мурило, кој во 52-та минута доби втор жолт картон што  значеше и  исклучување, скапо ги чинеше.

Рома целосно ја презеде контролата на натпреварот и напаѓаше со сите сили. Одбраната на Сампдорија  капитулираше во 57-та минута кога Немања Матиќ испрати милиметарски прецизно додавање кое го дочека Ванијалдум, кој со глава мирно реализираше за голема радост на трибините.

Мурињо сакаше да ја потврди победата па неговиот тим продолжи да напаѓа. Во 88-та минута, Никола Равиња беше невнималетен во својот шеснаесетник и недовозлено стартуваше што за судијата Ирати беше доволно за пенал.
Ударот од белата точка сигурно го реазлизираше Пауло Дибала, за водство од 2-0. Пред самиот крај на натпреварот, Стефан Ел Шарави со прекрасен погодок ги постави конечните 3-0

Со оваа победа Рома дојде до 50 бода, и е на делба на третата позиција заедно со Интер, кој синоќа загуби на домашен терен од Фиорентина. Oд другата страна пак Сампдорија остана на само 15 бода и претпоследната позиција на табелата, по што готово извесно е дека тимот на Дејан Станковиќ ќе се пресели во понизок ранг.