Во Мото ГП шампионатот викендов на програмата е втората овосезонаска трка.
Шпанецот, Алекс Маркез направи големо изненадување возејќи најбрзо време во квалификациите за аргентинското Гранд-при.
Алекс, инаку брат на повеќекратниот светски шампион Марк Маркез, до својата прва пол-позицијата во кариерата стигна пред триото Италијанци.
Во првиот ред зад Шпанецот, утрешната трка ќе ја почнат Марко Бецеки и актуелниот светски првак Франческо Бањаја.
Франко Морбидели ќе биде зад нив во вториот ред во кој ќе стартуваат и Маверик Вињалес и Јоан Зарко
Стартот на утрешната трката за Големата награда на Аргентина е закажана во 19 часот.