Ракометарите на Голден Арт ја продолжија победничката серија во Супер лигата – плеј аут откако попладнево како домаќини го совладаа Прилеп со 31:23. Ова за тимот на Владимир Глигоров беше четврта победа во низа и со 18 бодови се наоѓаат на првата позиција, додека конкурентот МРК Куманово утре го игра натпреварот од 7.коло против Вардар Неготино.

Во тимот на Голден Арт најефикасен беше Мице Шилегов со 8 голови, додека по 6 постигнаа: Марко Миланов и Ивица Илиев.

На вториот натпревар одигран попладнево Скопје 2020 на гостински терен славеше победа над Радовиш со 29:24.

Утре се игра уште еден дуел: Јуниор Кисела Вода – Струга.

Табела: Голден Арт 18 бодови (7 натпревари), МРК Куманово 16 (6), Прилеп 14 (7), Скопје 2020 12 (7), Вардар Неготино 10 (6), Струга 9 (6), Куниор КВ 7 (6), Радовиш 2 (7).