До крајот на лигашкиот дел на сезоната во АБА2 лигата остануваат неполни две кола.
Македонскиот вицепрвак ТФТ треба да одигра уште два натпревари. Составот од скопската населба Тафталиџе сеуште е во игра за плејофот.
За да ја оствари целта ТФТ првенствено ќе треба да слави победа во денешниот дуел против екипата на Студент. Но, избраниците на Боро Смилковски ќе треба да ги чекаат и резултатите на натпреварите на конкурентите за разигрувањето.
„Иако имаме проблеми со повредени играчи, мотивирани влегуваме во овој дуел во обид да ја оправдаме улогата на фаворит на домашен терен и со евентуална победа да обезбедиме место во плејофот“, изјави Смилковски.
Денешниот дуел меѓу ТФТ и Студент што ќе си игра во СЦ „Борис Трајковски’ ќе почне во терминот од 16 часот.




































