Паузата во македонската ракометна Супер лига завршува денеска. Со дуелот во Охрид каде истоимената екипа го пречекува составот на Прилеп стартува продолжението на сезоната. Ова е натпревар од 19.коло што ќе се игра се до сабота.
Охриѓани во денешниот дуел влегуваат како апсолутни фаворити против прилепчани. Тимот на Охрид е веднаш зад водечкиот тандем Вардар и Еурофарм Пелистер, а со новите засилувања популарните “гладијатори“ влегуваат со амбиции за освојување на трофеи.
Дуелот меѓу Охрид и Прилеп што ќе се игра во спортскиот центар „Билјанини извори“ ќе почне од 19 часот.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 19 КОЛО
среда 4 февруари
19.0 ОХРИД – ПРИЛЕП
петок 6 февруари
19.00 ВАРДАР – КУМАНОВО
сабота 7 февруари
16.00 СТРУГА – БУТЕЛ
18.00 АЛКАЛОИД – ПРОЛЕТ
18.00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
18.00 ТИКВЕШ – РАДОВИШ




































