Лина Ѓорческа имаше одличен старт на вториот ИТФ турнир во Порто, Португалија.

Македонската тенисерка ја совлада Швајцарката, Јлена Ин-Албон со 2-0 во сетови. Првиот сет заврши 6-2, а вториот 6-3, за еден час и шеснаесет минути игра.

Ѓорческа загуби само пет гема и покажа сигурна форма. Во осминафиналето Лина ќе игра против победничката од дуелот меѓу Сегуеира од Португалија и Шнук од Германија.