Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во третото коло на Отвореното првенство на Австралија со убедлива победа над Франческо Маестрели од Италија со 6:3, 6:2, 6:2.
Мечот траеше два часа и 16 минути, а српскиот тенисер уште од стартот ја презеде контролата.
Во првиот сет направи брејк во вториот гем и иако му беа потребни седум сет-поени за да го затвори сетот, успеа да го освои по 47 минути игра. Вториот сет го започна со нов брејк и со сигурна игра го потврди со уште еден брејк во седмиот гем. Во третиот сет брзо поведе со 4:1 со два брејка, му дозволи на противникот да освои гем на свој сервис. Но веднаш го врати брејкот и го доведе мечот до крај.
Со оваа победа Ѓоковиќ се доближи до историскиот праг од 400 триумфи на Гренд слем турнирите. Во следното коло ќе се соочи со Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп, кој претходно го елиминираше Кинезот Шенг во три сета.



































