Кратката новогодишна пауза заврши и за кошаркарите чии екипи настапуваат во Евролигата.
Денеска на програмата се шест натпревари со кои ќе биде заокружено 19 коло, кое практично почна лани на 30 декември.
Денешната програма ќе биде отворена со натпреварот во Истанбул каде кај Анадолу Ефес ќе гостува белградска Црвена Звезда.
Дербито на вечерта ќе се игра во Атина каде ќе се сретнат големите грчки ривали Панатинаикос и Олимпијакос. Италијанското дерби пак ќе се игра во Болоња, каде Виртус го пречекува Милано.
Четврто пласираниот тим на табелата, Фенербахче го лека „незгодно“ гостување кај Басконија. Во Шпанија ќе се игра и дуелот межи Реал Мадрид и Дубаи, додека програмата ќе ја затворат Баерн и Макаби со дуелот во Минхен.
ЕВРОЛИГА 19 коло
18:00 АНАДОЛУ ЕФЕС – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА
20:00 БАСКОНИЈА – ФЕНЕРБАХЧЕ
20:15 ПАНАТИНАИКОС – ОЛИМПИЈАКОС
20:30 ВИРТУС БОЛОЊА – МИЛАН
20:45 РЕАЛ МАДРИД – ДУБАИ
21:00 БАЕРН МИНХЕН – МАКАБИ Т.А.





































