Македонија со нов натурализиран кошаркар почнува новиот претквалификациски циклус. Црвено-жолтите вечерва ги почнуваат претквалификациите за ЕП 2029-та,
Селекторот Марјан Илиевски се реши во тимот за дуелот со Азербејџан да го има Омари Мур, еден од најдобрите играчи на шпанскиот Валенсија.
Мур ги сподели своите први импресии по доаѓањето во нашиот главен град и обработениот тренинг.
„Целиот тим ме пречека одлично, а на тренинзите се запознав со играта која ја бара тренерот и едвај чекам да заиграм на натпреварот со Азербејџан.
Се чувствувам одлично, возбуден сум за новиот предизвик“ – вели Мур.
Очекува доста од вечерашниот натпревар, прв за него за нашата најдобра селекција:
„Ме очекува деби во дресот на Македонија.
Првите натпревари се секогаш непредвидливи затоа што за тебе ова е нешто ново, но и доста интересни. Се надевам на добар натпревар. Игра по планот и добар меч за навивачите кои ќе дојдат да ни дадат голема поддршка.
Среќен сум што станав Македонец и ги повикувам сите да дојдат во сала на натпреварот кој ни следи“ – порачува новиот Македонец, Мур.
Вечерашниот натпревар Македонија – Азербејџан што ќе почне од 19 часот, ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.




































