Македонскиот фудбалски првак Шкендија вечерва ќе го игра еден од најважните натпревари на европската сцена. Тимот од Тетово гостува кај косовскиот шампион Дрита во од 4.коло на Конференциската лига, што може да се покаже како историски за клубот.

Македонскиот шампион не разочарува во дебитантската сезона. Црвено-црните имаа несреќа против Јагјелонија, кога во 100.минута примија гол и освоија само бод. Сега влегуваат во четвртата рунда со четири освоени бода и јасна цел, победа што ќе ги доближи до нокаут фазата.

Дуелот со Дрита носи голема тежина. Косовскиот тим е непоразен и има пет бода, но Шкендија верува во својата сила.

„Играме со голема мотивација. Знаеме дека три бода вечерва можат да ни донесат историски успех.

Играчите се подготвени да дадат максимум“, вели тренерот на тетовци Јетон Беќири.

Фудбалерите на Шкендија се свесни дека секој бод е злато во оваа група. Победата над Шелбурн покажа дека тимот има квалитет за европски предизвици. Сега, против Дрита, шансата е уште поголема.

Натпреварот започнува во 21 часот. Тетовци ќе се обидат да ја продолжат европската приказна и да ја направат уште поголема.

Следете нé на социјалните мрежи