Никола Јокиќ повторно блесна во дресот на Денвер, српскиот центар го предводеше својот тим до победа од 122-112. За 36 минути постигна 33 поени, 15 скокови и 16 асистенции. Трипл-дабл запиша уште пред крајот на третата четвртина, со што го надмина Оскар Робертсон. Сега е втор на вечната листа со 190 трипл-дабли. Пред него е само Расел Вестбрук со 215. Јокиќ има реални шанси да го стигне уште сезонава.
Возбудливо беше и во Лос Анџелес. Лејкерс го победи Сан Антонио со 118-116. Виктор Вембињама беше исклучен по шест лични грешки. Дончиќ заврши со пет фаули, но и 35 поени, 9 скокови и 13 асистенции. Мечот беше неизвесен до самиот крај.
Шампионот Оклахома Сити го претрпе првиот пораз сезонава.
Портланд славеше со 121-119 и ја прекина серијата од 16 порази од овој ривал. Авдија беше клучен со 26 поени, 10 скокови и 9 асистенции. Гилџус Александер постигна 35 поени, но тоа не беше доволно. Оклахома останува лидер, но повеќе не е непоразена.



































