Македонскиот првак Еурофарм Пелистер вечерва ја почнува својата нова, трета, сезона во елитната ЕХФ Лигата на шампионите.
Во Битола гостува хрватскиот тим Загреб тим во натпревар 1.коло на Б групата. На задоволство на новиот тренер на пелистерци, Рубен Гарабаја, шпанскиот стратег на располагање ќе ги има сите ракометари.
„Треба да ја наметнеме нашата игра и да играме како што игравме во периодот на подготовки.
Спремен сум да ја доживеам атмосферата во Битола.
Сите ми кажуваа откако пристигнав и сакам навивачите да уживаат во нашата игра и да се радуваат на победа на секој наш домашен натпревар“, изјави Гарабаја.
Поддршката од трибините секако ќе биде мотив повеќе за зелено-белите, а за атмосферата да биде дополнително „пожешка“ се погрижија од клубот со новиот проект.
Имено пред секој натпревар во Лигата на шампионите, навивачите ќе може да се „загреваат“ во фан-зоната.
„К Еурофарм Пелистер ја отвора својата фан-зона пред домашните натпревари од Лигата на шампионите. В среда, на десетти септември, од 18:45 часот на платото пред спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола подготвивме забавно-музичка програма и заедно со нашите партнери, Училница и Конец, ви подготвивме вкусна храна и пијалоци.
Дојдете да се загрееме за она што по што надалеку сме познати – култните европски вечери во ракометна Битола“. порачаа од клубот.
Покрај Загреб, во Битола ќе гостуваат и актуелниот европски првак, германскиот Магдебурег, шпанската Барселона, францускиот ПСЖ. Тоа секако се фаворитите за највисок пласман, а во оваа конкуренција се и екипите на Висла Плоцк (Полска), ГОГ (Данска) и Пик Сегед (Унгарија)
Вечерашниот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и Загреб ќе се игра во терминот од 20.45 часот.