Завршија фудбалските Мундијалски квалификации на Јужноамериканскиот континент. И пред одигрувањето на последното коло, беа познати сите патници на Светското првенство. Единствената дилема беше која селекција ќе има нова шанса преку баражот.

Венецуела имаше бод предност пред Боливија, но не ја задржа.

На домашен терен Боливија беше декласирана од Колумбија со 3:6. Тоа го искористи репрезентацијата на Боливија која направи големо изненадување совладувајќи го Бразил.

Пред своите навивачи Боливија славеше со 1-0 со голот од пенал на Мигелито во првиот дел. Така оваа селекција со 20 бода, два повеќе од конкурентите, заврши како седмо пласирана и ќе игра во баражот.

Пласман на Мундијалот, покрај актуелниот светски шампион Аргентина која беше убедлива прва, обезбедија: Еквадор, Колумбија, Уругвај, Бразил и Парагвај.