​Македонската тенисерка Лина Ѓорческа бележи значителен напредок на најновата ВТА ранг-листа, искачувајќи се за дури 43 позиции.

Овој скок е резултат на нејзиниот неодамнешен успех, освојувањето на 15-тата титула во кариерата на турнирот во Романија.

Сега Ѓорческа се наоѓа на 239-тото место, што претставува голем чекор напред, особено ако се земе предвид дека годината ја започна на 286-тото место.

Нејзиниот најдобар пласман во кариерата е 170-то место, постигнат во 2017 година, кон што сега се приближува со сигурни чекори.